Што предизвикува лошата исхрана кај кучињата

				 
Добро избалансирана храна со висок квалитет е од особено значење за здравјето на вашето куче, но дали сте знаеле зошто? Ова се само неколку здравствени проблеми кои се дирекно предизвикани од лошата исхрана... 

Здебелување 

Епидемијата на здебелување особено се проширува во светот. Дебелите кучиња се изложени на поголем ризик на артритис, дијабетес, висок крвен притисок, па и рак. Според некои истражувања здебелувањето е дирекно поврзан со скратување на животниот век. Обрнете внимание на нивото на калории и масти во храната на вашето куче. Иако двете компоненти се важни во исхраната, нивното внесување во големи количини може да предизвика здебелување. 

Воспаление на панкреас 

Воспаление на панкреасот во новата доба зема се поголем замав кај кучињата и создава проблеми за кучињата. Најчести причини за воспаление на панкреас е здебелување и исхрана со масна храна. Посоветувајте се со вашиот ветеринар кој ќе процени дали внесувањето на масти преку храна може да предизвика проблем на панкреасот. Поради тоа научниците препорачуваат благи диети со лесна храна. 

Камен во мочниот меур 

Каменот настанува од минералите кои се создаваат во мочниот меур кај кучето. Каменот во меурот може да биде мал, па со тек на време на се зголемува. Крупнит камен може да биде непријатност за кучето што резултира со отежнато мокрење или присуство на крв во мокраќата. Доколку ги забележите овие симптоми побарајте помош од ветеринар. За да го спречите создавањето на камен во меурот важно е да користите храна со мала количина калциум и фолсфат. 

Болест на срце 

И кучињата често заболуваат од болести на срцето доколку храната не е добро избалансирана. Еден од клучните фактори за оваа болест е внесувањето на натриум, односно сол. Зголеменото внесување на сол доведува до зголемена циркулација на крв и висок крвен притисок. 

Дијареја 

Кучињата често патат од дијареја. Најчеста причина е неправилна исхрана, особена она масната. Поради неизбалансирана храна може да дојде до пореметување во варењето, иритација на желудникот и цревата, а последици се повраќање и пролив. Долготрајниот пролив доведува до тешки пореметувања во организмот, особено кај младите единки. 

Секако секое куче има свои единствени потреби. Поради тоа е важно со ветеринарот да разговарате за опциите за храна и да можете на миленикот да му понудите избалансирана и здрава храна.